Стручно образование и обука

Стручното образование и обука претставува клучен елемент од доживотното учење којшто им обезбедува на младите компетенции и релевантно искуство потребни за одредено занимање.

Иницијалното стручно образование и обука (I-VET) обично се реализира во рамки на вишото средно образование, пред учениците да се впуштат во професионалниот живот. Тоа се одвива во училиштето и во работни средини, како што се центри за обука и компании. Начинот на реализација се разликува од една земја до друга, во зависност од националните системи и економските структури.

Континуираното стручно образование и обука (C-VET) се реализира по иницијалното стручно образование и обука, или по започнувањето на професионалниот живот. Стекнувањето вештини најчесто се одвива на работно место.

Во просек, 50% од младите Европејци на возраст од 15-19 години учествуваат во иницијалното стручно образование и обука во склоп на вишото средно образование. Меѓутоа, стапката на учество се движи од 15% до над 70% во зависност од регионот.

Најнова содржина

Links