Наставници и раководители на образовни установи

Во Европа има над 5 милиони наставници. Нивните знаења, вештини и гледишта се од огромно значење, и квалитетот на нивната настава директно влијае врз резултатите на учениците. Истовремено, наставниците се соочуваат со сè поголеми и променливи барања, така што тие имаат потреба од поддршка заради континуиран развој на своето знаење и вештини. Затоа, од суштинско значење е тие да добијат професионален развој со највисок квалитет, од почетна обука за наставници, преку поддршка на почетокот од кариерата на новите наставници, па сè до можности за континуиран професионален развој во текот на целата кариера.

Раководството има суштинска улога во создавањето услови за успех на сите нивоа од системот за образование и обука. Раководителите на образовните установи – а тука не спаѓаат само директорите на училиштата – имаат клучна улога во воспоставувањето ефективна врска меѓу училиштата, различните нивоа на образование и обука, семејствата и професионалниот свет и локалната заедница, а сето тоа со заедничка цел да се подобрат постигнувањата на учениците.

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина