Лични и социјални компетенции и компетенција за учење

Училиштата имаат важна улога да им помогнат на младите да ја развијат и да ја негуваат својата психо-физичка добросостојба, како и да живеат и да работат со другите во различни контексти.

Клучни области се: социјалната интеракција; развојот на здраво тело, здрав дух и здрав начин на живот; познавањето на сопствените силни страни и слабости и начин како да се развијат компетенции.

Едукативните искуства може да бидат можност за развивање на вештините за критичко осврнување на сопствениот начин на живот и управување со него, како и комуницирање и соработка со другите. Тие меѓу младите може да поттикнат и тежнеење и желба за поставување и остварување цели, како и тежнеење и желба за толеранција – вреднување на различноста и почит кон другите, и подготвеност за надминување на предрасудите и изнаоѓање компромис.

„Сеопфатниот училиштен пристап“ е важен затоа што ја вклучува целата училишна заедница (раководителите на образовните установи, вработените, учениците и семејствата).

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина