Повеќејазичност

Подучувањето и изучувањето јазици е од суштинско значење за европските граѓани да можат слободно да се движат, да работат и да се образуваат низ цела Европа. Тоа ќе помогне во зголемување на работните места и на растот, а ќе придонесе и за заемно разбирање меѓу различни земји и култури. Исто така, многу важно е непознавањето странски јазици да не претставува бариера за учество во општеството. Улогата на Европската Комисија е да ги координира напорите со националните влади за остварување на целите од стратегиската рамка за јазици со поддршка од активностите во рамки на Erasmus+.

Европската јазична ознака ги поттикнува и наградува иновативните практики во полето на подучување и изучување јазици, во секоја фаза од образованието и обуката. Проектите со Европска јазична ознака во голема мера придонесоа за промовирање на иновативни техники на подучување и изучување јазици насекаде низ Европа.

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. Порталот за јазична политика на Советот на Европа, исто така, нуди бројни ресурси поврзани со оваа тема. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина