Средина за учење

Средината за учење ја сочинуваат културата за учење, како и физичкото опкружување создадено од наставниците и од учениците. Таа може да биде во училишната зграда, но и на отворено, преку Интернет или надвор од училиштето.

Во средината за учење спаѓаат:

  • физичкиот простор во којшто се одвива наставата - училница, студио, сала, затворен или отворен спортски објект – и начинот на кој е создаден или се користи другиот простор за учење: училишни игралишта, локални културни центри (театри, галерии, музеи), јавен простор на отворено;
  • просторот за учење на далечина во кој наставникот и учениците не се физички на иста локација: домот, простор за онлајн соработка;
  • начинот на кој различните пристапи на учење, вклучително и оценувањето, се интегрираат заедно со другите процеси на управување со училницата;
  • онаму каде што наставникот е главен олеснувач, но се создава и поддржувачка средина за учење заедно со останатиот персонал во училиштето, надворешните чинители и родителите;
  • заедничкото создавање со учениците, особено во однос на нивното чувство на безбедност, креативност и добросостојба.

Најнова содржина