Претприемништво

Претприемачката компетенција претставува способност за идентификување и искористување на можностите, како и планирање и управување со креативните процеси кои имаат културна, општествена или финансиска вредност.

За неа е потребно познавање на контекстите и можностите, на пристапите кон планирање и управување, на етичките начела, како и самосвест.

Таа вклучува вештини на креативност (имагинација, критичко размислување, решавање проблеми), комуникација, мобилизирање ресурси (човечки и материјални), како и справување со несигурноста, нејаснотиите и ризикот.

Претприемачкиот дух подразбира и однесување кое се одликува со самоефикасност, мотивација и истрајност, како и вреднување на идеите на другите.

За претприемачкото образование да биде ефективно во развивање на компетенциите на учениците, капацитетот на училиштата да создадат средина за учење која нуди поддршка и поттик е подеднакво важен колку и личните компетенции и мотивираноста на наставниците.

Претприемачкото образование не може да се одвива само во училиштата, односно изолирано од случувањата во надворешниот свет. Може да биде потребна партнерска соработка со надворешни организации за да се олесни процесот на учење на други начини.

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина