Инклузивно образование и справување со предвременото напуштање на образованието
Образовниот пат на учениците е во ризик од фрагментација на повеќе начини, што доведува до слаби резултати и евентуално предвремено напуштање на образовниот процес. При преминот од едно во друго ниво или од еден во друг вид на образование може да настанат проблеми, а може да се јават знаци и за други појави. Дури и пристапот до образование претставува проблем за голем број млади.
Еден од десет млади во Европа го напуштаат образованието или обуката без да се стекнат со вештините и квалификациите коишто сега се сметаат за неопходни за успешен премин кон пазарот на труд и за активно учество во денешното општество, што значи дека тие се изложени на ризик од невработеност, социјална исклученост и сиромаштија.
Бројни се причините поради кои младите предвремено се откажуваат од процесот на образование и обука: лични или семејни проблеми, тешкотии во учењето или тешка социо-економска состојба. Но и карактеристиките на образовниот систем и атмосферата во училиштето се важни фактори кои придонесуваат ученикот да развие или да изгуби интерес. Образовниот пат опфаќа различни начини на учење и битисување, а тоа може да биде позитивно за учениците ако таквиот образовен пат е флексибилен и ако учениците и родителите може да направат избор заснован на информации.
Потребен е „сеопфатен училиштен пристап“ каде што целата училишна заедница (раководители на образовни установи, персонал, ученици и семејства) се ангажира преку кохезивно, колективно и здружено делување, остварувајќи силна соработка со надворешни чинители и со заедницата воопшто.
Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.