Дигитална компетенција

Дигиталната трансформација на Европа ќе се забрза со брзото напредување на новите технологии, како што се вештачката интелигенција, роботиката и компјутерското работење во облак. Како и кај претходните големи технолошки напредоци, дигитизацијата влијае врз начинот на којшто луѓето живеат, комуницираат, учат и работат. Токму затоа е важен доживотниот развој на дигиталната компетенција.

Истовремено, соодветното користење на дигиталните технологии во образованието може да биде од корист за процесите на подучување и учење на сите останати компетенции. Училниците може да се отворат кон светот на истражувањето, индустријата и другите култури. Наставниците и учениците може да ги зајакнат своите вештини преку онлајн ресурси и соработка. Пристапот до дигитални технологии и нивното користење може да помогнат во намалување на едукативниот јаз меѓу учениците од семејства со висок и низок социо-економски статус. Персонализираното учење, вклучително и поразновидните форми на оценување, може да резултираат со зголемена мотивација.

Европската Комисија им помага на наставниците, училиштата, креаторите на политики и на останатите засегнати страни со низа онлајн алатки и ресурси. Во овој дел може да ги најдете најновите статии, публикации и други ресурси за дигитално образование. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб- страницата на Европската Комисија.

Најнова содржина