Културолошка свест и изразување

Младите луѓе треба да имаат можност да развијат целосно разбирање и почит кон начинот на пренесување и креативно изразување на идеите и значењето во различни култури и преку различни медиумски форми. Тие може да вклучуваат: печатени текстови (книги, списанија), веб-страници, театар, филм, танц, игри, уметност и дизајн, и музика.

Времето поминато во училиште е уште една можност за младите луѓе да го развијат своето чувство на културен идентитет. Ним им се потребни вештини за креативно изразување и толкување на идеите, доживувањата и емоциите, со емпатија. Нив може да ги стекнат преку низа процеси (вклучително интердисциплинарно учење) и медиумски форми, а не само преку традиционалните „уметности“.

Училиштата може да размислат за партнерска соработка со надворешни организации со цел создавање најразлични искуства на учење.

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина