Граѓанство

Европските земји имаат потреба нивните граѓани да бидат вклучени во општествениот и политички живот, и тоа не само заради негување на основните демократски вредности од страна на поединецот и општеството, туку и заради поттикнување социјална кохезија во услови на растечка социјална и културна разновидност, за што младите треба да имаат соодветни знаења, вештини и гледишта. Развивањето социјални и граѓански компетенции и промовирањето еднаквост, социјална кохезија и активно граѓанство преку училишното образование и понатаму е главна цел на рамката за Образование и обука 2020. Градењето ефективни пристапи за остварување на оваа цел е главен предизвик за носителите на одлуки и за практичарите.

Во овој дел може да најдете статии и останати материјали на оваа тема. Повеќе на оваа тема може да прочитате на веб-страницата на Европската Комисија. За да ги истражите останатите теми, послужете се со менито на врвот од страницава.

Најнова содржина