Алатка за самопроцена на инклузијата во училиштата и во училишната средина

Добре дојдовте во Европската збирка алатки за училишта! Ние изработивме алатка за самопроцена за да ви помогнеме да ги анализирате политиките и практиките за инклузија коишто се спроведуваат во вашето училиште и да ви понудиме предлози за понатамошно подобрување.

Самопроцената е поделена на седум области. Секоја област вклучува неколку прашања/показатели. Според дадените одговори, ќе добиете персонализиран извештај во кој ќе бидат посочени областите во кои вашето училиште функционира добро во насока на спречување на предвременото напуштање на образованието и промовирање инклузија, како и оние области во кои има простор за подобрување.

Прашањата се базираат на аналитичкиот извештај на NESET (Мрежа на експерти кои работат на социјалната димензија на образованието и обуката) насловен „Структурни показатели за инклузивни системи во училиштата и во училишната средина“ (Structural Indicators for inclusive systems in and around schools), со акцент на превенција на предвременото напуштање на образованието. Заедно со резултатите од самопроцената ќе добиете и предлози за ресурси од Европската збирка алатки за училишта кои може да ги користите, како и врски до соодветните поглавја од извештајот на NESET.

Алатката е првенствено наменета за основни и средни училишта. Оние коишто работат во полето на предучилишно образование и грижа се добредојдени да ја користат, но некои од прашањата може да не одговараат во тој контекст, така што дел од резултатите може да не бидат корисни.

Пред да започнете

Пред да започнете со самопроцената, прочитајте го следново:

  • Треба да се најавите за да може да ја користите алатката за самопроцена. Ако немате сметка, може да креирате преку копчето „Регистрирај се“ на врвот од оваа страница.
  • Може да го промените јазикот на оваа страница и на прашалникот преку паѓачкото мени на врвот од страницата.
  • Алатката може да ја користите колку пати сакате. Исто така, делумно пополнетиот прашалник може да го зачувате како нацрт-верзија и подоцна да го комплетирате и испратите.
  • За да го добиете извештајот од самопроцената, мора да одговорите на сите прашања. Прашалникот ќе ви одземе не повеќе од 30 минути.

Во врска со приватноста

Одговорите на прашањата се чуваат на безбеден начин. Вашето име и името на вашата организација ќе фигурираат само во вашиот личен извештај и нема да се споделуваат со трети лица. Податоците (вашите одговори) се собираат заради изработка на вашиот личен извештај, при што може да ги споредите вашите одговори со просечните одговори на другите коишто ја користеле алатката за самопроцена. Тие, исто така, се користат и за a) подобрување на алатката за самопроцена и б) како придонес во генералната слика за развојот на инклузивното образование во рамки на ЕУ (на пр. преку согледување на просечните одговори во различни временски периоди).

За повеќе информации за начинот на кој постапуваме со вашите податоци, погледнете во нашата Политика за приватност.

Започни со самопроцена