Општи информации

Европската збирка алатки за училиштата нуди конкретни идеи за подобрување на соработката во училиштата, меѓу училиштата, како и надвор од нив, со цел да им се овозможи на сите деца и млади да имаат успех во образовниот процес. Директорите на училиштата, наставниците, родителите и другите лица вклучени во разни аспекти од училишниот живот овде може да најдат корисни информации, примери за мерки и помошни материјали коишто може да им послужат како инспирација во обезбедувањето ефективно и висококвалитетно предучилишно и училишно образование. Целта на Збирката алатки е да помогне во размената на добри практики и искуства меѓу наставниот кадар и креаторите на политики.

Срдечно ве повикуваме да разгледувате, коментирате и споделувате ресурси, како и да ни испраќате сопствени примери за иницијативи и проекти кои би можеле да им бидат од корист на другите!

Упатство за Европската збирка алатки за училиштата

Ресурсите содржани во оваа Збирка алатки се групирани во пет меѓусебно поврзани тематски области:

                   
1. Управување со училиштето 2. Наставници 3. Поддршка за учениците 4. Вклученост на родителите 5. Вклученост на засегнатите страни

Овие пет области се поделени на неколку подобласти во кои се содржани примери за конкретни училишни активности. Секоја подобласт содржи:

  • кратко објаснување во однос на тоа зошто оваа димензија е важна за успехот на учениците и за спречување на предвременото напуштање на образованието, со докази од истражувања, примери од интервенции во училишта и врски за понатамошно читање; 
  • низа ресурси, од истражувачки студии и пpоектни извештаи, па сѐ до конкретни примери за добри практики каде е опишано како дадена мерка била успешно спроведена (со податоци за контакт, ако има).

Сите ресурси се поврзани со една или повеќе подобласти и може слободно да се прелистуваат или пак да се пребаруваат преку клучни зборови и филтри. Ве покануваме да ги споредите и да дадете свој коментар за алатките, како и да предложите нови примери или ресурси што може да се додадат во Збирката алатки, а нашиот Уреднички одбор потоа ќе ги разгледа.

Уживајте во читањето!

Прелистајте ги сите области и подобласти