MiCREATE – Мигрантски деца и заедници во Европа која е во процес на трансформација

Слика: Micreate logo

Целта на проектот MiCREATE е да поттикне инклузија на најразлични групи мигрантски деца преку усвојување пристап фокусиран на детето при интеграција на мигрантските деца, и тоа на образовно и на политичко ниво. Поаѓајќи од потребата да се преиспитаат постојните политики за интеграција, истражувачкиот проект има цел сеопфатно да ги проучи современите интеграциски процеси на мигрантските деца за да ги унапреди нивниот капацитет за делување, нивното учество и нивната добросостојба.

Активностите во рамки на MiCREATE резултираа со разни исходи насочени кон градење на капацитетите и на свеста на наставниците и на образовниот кадар, како и на стручните лица и на другите возрасни кои редовно доаѓаат во контакт со мигрантски деца, со цел подобра процена на ризиците и задоволување на специфичните потреби на мигрантските деца во општествата домаќини.

Дел од проектите вклучуваат: Прирачник за наставници (Алатки за управување со разноликоста), којшто е водич кој треба да им помогне на наставниците во решавањето на предизвиците со кои може да се соочат при работата со мигрантски деца, како и да ги запознае со низа пристапи и практики развиени посебно за контекстот на мултикултурна училница, потоа алатката за подигнување на свеста IC „Multiculturalism at school“ (Мултикултурализам на училиште), Алатката за дигитално раскажувањедокументи за политики и видеозаписи каде се истакнуваат пропустите и бариерите во политиките на интеграција фокусирани на детето во рамки на постојните политики и интеграциски практики во секоја земја и на ниво на ЕУ, и неколку извештаи.

Вид
Документ (директен доказ)
Држава
Австрија; Белгија; Бугарија; Германија; Данска; Италија; Кипар; Летонија; Литванија; Обединето Кралство; Полска; Португалија; Словачка; Словенија; Србија; Унгарија; Холандија; Хрватска; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Средно
Ниво на интервенцијата
Универзално
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови