Пакет за психолошка прва помош за деца

Преку овој пакет за обука учесниците ќе се запознаат со психолошката прва помош за деца. Обуката е изработена за потребите на персоналот и волонтерите кои работат на психо-социјална поддршка на децата и за оние кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за децата и за нивните згрижувачи во случај на вознемиреност, како медицински сестри, наставници, социјални работници, здравствени волонтери и работници од амбулантни возила.

Обуката има цел да им овозможи на учесниците да:

  • дознаат повеќе за реакциите на децата при вознемиреност,
  • дознаат што опфаќа и што не опфаќа психолошката прва помош за децата,
  • ги разберат трите акциски начела „гледај, слушај и поврзи“ во однос на децата,
  • вежбаат обезбедување психолошка прва помош на дете и на згрижувач кои се вознемирени,
  • согледуваат комплексни реакции и ситуации,
  • бидат свесни за важноста на грижата за самите себе кога им помагаат на другите.

Овој модул за обука е еден од четирите модули за психолошка прва помош, којшто го придружува комплетот на материјали за психолошка прва помош. Тие вклучуваат: воведна книга насловена „A Guide to Psychological First Aid for Red Cross and Red Crescent Societies“ („Водич за психолошка прва помош за друштвата на Црвениот крст и на Црвената полумесечина“) и мала брошура под наслов „A Short introduction to Psychological First Aid for Red Cross and Red Crescent Societies“ („Краток вовед во психолошка прва помош за друштвата на Црвениот крст и на Црвената полумесечина“).

Вид
Документ (индиректен доказ)
Држава
Европа
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Н/A
Извор на финансирање
Приватно финансирање