Програма за отпорност на децата: Психо-социјална поддршка во училиштата и надвор од нив

Програмата за отпорност на децата препознава дека добросостојбата на децата е под влијание на нивната интеракција со родителите и згрижувачите, со врсниците и со другите во заедницата. Таа ги опфаќа сите овие области од живеењето на децата за да помогне во подобрување на нивната добросостојба и отпорност преку детски работилници фокусирани на поддршка на внатрешните силни страни и на социјалните интеракции на децата.
Генерално, програмата вклучува работа со целата заедница во насока на изнаоѓање начини за подобрување на средината во која живеат децата, а особено подобрување на системите за детска заштита. Достапна е брошура во која е опишано како активностите од програмите за отпорност на децата може да се користат и во рамки на формалната училишна средина, како и надвор од училиштето, во сите видови средини соодветни за деца.
Друг ресурс е Прирачникот за програмски раководители наменет за оние кои имаат ограничено искуство со програми за отпорност на деца и за персоналот и волонтерите кои се заинтересирани да стекнат повеќе знаење за планирањето и управувањето со програми.
Овие и голем број други материјали за програмата беа изработени од Психо-социјалниот центар на Меѓународната федерација на Црвениот Крст и на Црвената полумесечина (IFRC) и од „Save the Children“.
- Вид
- Документ (индиректен доказ)
- Држава
- Данска
- Јазик
- BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
- Ниво на образование
- Основно; Предучилишно; Средно
- Ниво на интервенцијата
- Таргетирано
- Интензитет на интервенцијата
- Н/A
- Извор на финансирање
- Приватно финансирање
Коментари
Додадете коментар
За да додадете коментар мора да сте најавени.