Психо-образовни материјали за војна и стресни ситуации

Референтниот центар за психо-социјална поддршка (PS Centre) работи во рамки на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина и има изработено материјали кои се однесуваат на вознемиреноста и анксиозноста на децата поврзани со војна, потоа водич за тоа како да се разговара со децата за војна, и инфографик за реакциите на вознемирувачки ситуации.
1 – Водичот „Како да разговарате со децата за војна?“ може да го користат родителите и згрижувачите на деца кои биле директно погодени од некој конфликт или деца кои можеби имаат другарчиња кои живеат во конфликтни средини. Може да послужи како водич за да им помогне на родителите, на кои можеби им е тешко да најдат објаснување за некои вознемирувачки слики на ТВ или на социјалните медиуми, да ги поддржат и да се грижат за своите деца. Може да го користат и волонтерите од Црвениот крст и од Црвената полумесечина кои работат со семејства и деца погодени од конфликти, како и персоналот и волонтерите кои работат на дежурните телефонски линии и на линиите за помош. Достапен е на англиски, полски, украински, руски и на романски јазик.
2 – Инфографикот за „Чести реакции на вознемирувачки ситуации и екстремен стрес“ ги опишува физичките, менталните, емоционалните, интерперсоналните и бихејвиоралните реакции при екстремен стрес и вознемирувачки настани и честите реакции кај децата. Достапен е на англиски и на полски јазик.
- Вид
- Документ (индиректен доказ)
- Држава
- Европа
- Јазик
- BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
- Ниво на образование
- Основно; Предучилишно; Средно
- Ниво на интервенцијата
- Универзално
- Интензитет на интервенцијата
- Тековно
- Извор на финансирање
- Приватно финансирање
Коментари
Додадете коментар
За да додадете коментар мора да сте најавени.