ICAM: Вклучување на децата засегнати од миграција

Слика: ICAM logo

Програмата ICAM (Вклучување на децата засегнати од миграција) е програма на Еразмус+ која има цел да им обезбеди пристап до образование на децата засегнати од миграција. Програмата им помага на училиштата да создадат сигурна и безбедна средина за децата засегнати од миграција, за да им се овозможи максимално да го искористат образованието.

ICAM има цел да постигне инклузија и подобри услови за учење преку поттикнување клима на „Convivencia“ (збор на шпански што се преведува како „соживот“ и се користи за да се посочи на позитивна средина), подигнување на свеста на училишниот кадар, на семејствата и на други лица во однос на правата на децата засегнати од миграција, и обезбедување дополнителна поддршка за социјалното и емоционалното учење на децата (SEL).

Пакетот со ресурси на ICAM им помага на училиштата во подготовката и обезбедувањето поддршка за училиштата низ Европа да ги прифатат и да ги вклучат украинските деца, а помошта е фокусирана на пет суштински области:

-Разбирање на искуствата на децата бегалци и како тие може да се засегнати.

-Ефективна поддршка на ниво на цело училиште во процесот на воведување на раселените деца во образовниот процес.

-Враќање на социјалната и на емоционалната добросостојба.

-Обезбедување безбедно и одговорно однесување во училиштата и при користење на интернетот.

-Воспоставување партнерство со родителите/згрижувачите за постојана социјална и емоционална добросостојба во домот.

Вид
Практика (директен доказ)
Држава
Белгија; Италија; Обединето Кралство; Романија; Франција; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови