CHILD-UP – Хибридна интеграција на деца: Учење преку дијалог како начин за надградување на политиките за учество

Слика: CHILD UP logo

CHILD-UP има цел да им овозможи на училиштата, социјалните служби, прифатилиштата, агенциите за образование и медијација, и креаторите на политики, да се стекнат со знаење кое се однесува на дијалошките методи кои може да им бидат од помош на професионалците кои работат со деца мигранти. Проектот комбинира иновација и докажани традиции, подобрувајќи го разбирањето за тоа како да се придонесе кон партиципативно учење, интеграција, висококвалитетно образование и заштита.

CHILD-UP спроведува истражувања за нивото на интеграција на децата мигранти во Европа и за нивната социјална положба, со првенствена цел да предложи иновативен пристап кон подобрување на овие услови. Во оваа промена на перспективата, активното делување на децата (agency) –посебна форма на учество – претставува вистински клучен елемент за унапредување на психо-социјалната добросостојба на децата и за поставување на детето во центарот на процесот на негово самозајакнување.

CHILD-UP ја истакнува важноста на односот помеѓу активното делување на децата од една страна и дијалошките интеракции меѓу децата и меѓу децата и возрасните од друга страна. CHILD-UP има цел да покаже дека возрасните со овозможувањето на оваа дијалошка интеракција им нудат на децата мигранти можност да ја променат својата социјална положба преку остварување на нивното активно делување. Во CHILD-UP, интеграцијата се смета за хибридна и се заснова на придонеси и од деца мигранти, и од деца кои не се мигранти.

CHILD-UP е проект финансиран од програмата Хоризонт 2020 и координиран од Универзитетот на Модена и Реџо Емилија.

Вид
Документ (директен доказ)
Држава
Белгија; Германија; Италија; Обединето Кралство; Полска; Финска; Франција; Холандија; Шведска
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови

Овој ресурс е дел од следниве области / под-области :