RefugeesWellSchool

Слика: RefugeeWellSchool logo

RefugeesWellSchool (RWS) е европски финансиран проект во рамки на програмата Хоризонт 2020 спроведуван од седум партнери во шест европски земји. Неговата генерална цел е понатамошно воведување на улогата на превентивните училишни интервенции засновани на докази во промовирање на психичката добросостојба на адолесцентите кои се бегалци или мигранти, и начинот на кој тие може да се воведат во различни образовни средини.

Со цел подобро да се разбере влијанието кое превентивните програми може да го имаат во контекст на училиштето, проектот RWS врши процена на делотворноста и на процесите на спроведување на следниве пет превентивни училишни интервенции:

  • Обука за стручно усовршување на наставниците и наставни техники за закрепнување;
  • Програма за терапија преку работилници за драма во училницата;
  • Добре дојдовте на училиште;
  • PIER интервенција (Ресурс за врсничка интеграција и унапредување);
  • Обука за стручно усовршување на наставниците.

RWS ја проучува делотворноста на овие пет различни интервенции во однос на психичката добросостојба на адолесцентите кои се бегалци или мигранти и учествуваат во овие интервенции. RWS се служи со широка концептуализација на „психичката добросостојба“, осврнувајќи се на:

  • Намалени проблеми со менталното здравје;
  • Зголемена отпорност;
  • Зголемени мрежи на социјална поддршка и позитивни меѓуетнички односи;
  • Присуство и чувство на припадност во училиштето.

Резултатите од спроведувањето и студиите ќе бидат споделени со учесниците, стручните лица кои работат во училиштата со деца, пошироката јавност, креаторите на политики и со академската фела.

Вид
Практика (директен доказ)
Држава
Белгија; Данска; Норвешка; Обединето Кралство; Финска; Шведска
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; RU; SK; SR; SV; TR
Ниво на образование
Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови