SHARMED: Споделени сеќавања и дијалог

Слика: SHARMED logo

SHARMED беше проект за акциско истражување кој се спроведуваше во 2016–2018 година и преку него над 1.000 деца на возраст од 9-11 години во три земји можеа да искусат иновативен начин на учење. Со помош на фотографии и други визуелни материјали, се поттикна дијалог за лични и семејни сеќавања, како и сеќавања на заедницата, и децата можеа да учат за културната разноликост на начин со кој се искажува почит.

Финансиран од програмата Еразмус+, проектот SHARMED имаше три цели:

1. Да им овозможи на децата да разберат дека разликите не се нешто негативно, туку нешто сосем природно и драгоцено. SHARMED се стремеше да ги зајакне децата за тие да ги изразат своите разлики и да бидат отворени за разликите на другите луѓе.
2. Да ги охрабри наставниците да ја искористат разноликоста на своите ученици, којашто обично се перципира како пречка, наместо како можност. SHARMED сакаше да поттикне промена на перспективата за да ги инспирира наставниците и да им помогне да ги адаптираат инструментите изработени од SHARMED во насока на поинклузивно образование.
3. Да промовира иновација во наставните практики, презентирајќи ги резултатите од евалуациското истражување пред различни засегнати страни.

Вид
Практика (директен доказ)
Држава
Германија; Италија; Обединето Кралство
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови