Поддршка во интегрирањето ученици мигранти и бегалци во португалското образование

Португалската влада воспостави неколку механизми и процедури за поддршка преку кои би се обезбедило непречено и ефективно интегрирање на учениците мигранти и бегалци во образовниот систем и во општеството.
Работната група за Европската агенда за миграција е иницијатива на Генералниот директорат за образование чија цел е справување со проблемот на постигнувањето незадоволителни резултати на училиште и со бариерите во однос на инклузијата со кои се соочуваат децата и младите од предучилишно образование па сè до високите класови од средното образование.
На располагање стојат неколку ресурси и препораки, главно на португалски јазик, вклучително:
- Não São Apenas Números (Не се само бројки): Збирка алатки за миграција и азил во Европската Унија дизајнирана да им помогне на наставниците и на другиот образовен кадар да ги вклучат младите во информирани дискусии.
- Portugal é que me escolheu (Португалија ме одбра мене): Документарец со сведоштва на седум бегалци кои моментално живеат во Португалија и ги споделуваат своите приказни.
- Teaching about refugees: Веб-страница на УНХЦР која содржи бесплатни образовни материјали и упатства за наставници од основно и средно образование за вклучување деца и младинци бегалци во нивните паралелки/класови.
- Вид
- Документ (индиректен доказ)
- Држава
- Португалија
- Јазик
- BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
- Ниво на образование
- Основно; Средно
- Ниво на интервенцијата
- Таргетирано
- Интензитет на интервенцијата
- Периодично
- Извор на финансирање
- Локално финансирање; Национална влада
Коментари
Додадете коментар
За да додадете коментар мора да сте најавени.