DREAMS: Негување на различностите при преминот од основно во средно училиште за да се спречи предвремено напуштање на образованието

DREAMS е 24-месечно стратешко партнерство на Еразмус+ помеѓу три училишта и две непрофитни организации кои работат на справување со проблемот на предвремено напуштање на образованието, особено во места каде има изразена култура разноликост. Проектот досега се спроведе во Шпанија, Италија и во Португалија.

Целта на проектот е да спречи предвремено напуштање на образованието преку поддршка на учениците, наставниците, семејствата и училишните заедници во обезбедување лесен премин од основно во средно училиште со инклузија на сите форми на различност. Во целите на програмата се вклучени проучувањето на тековните практики и истражувањето на потребите на учениците при преминот од основно во средно училиште, евалуацијата и создавањето методологија врз основа на потребите според методот на процесна работа (Process Work) и методот на „Театар на угнетените“, евалуацијата на методологијата преку пилот-работилници и активности во училиштата и изработката на Збирка алатки за лесен премин заснована на резултати.

Во склоп на проектот беа изработени повеќе алатки за различна целна публика, како што се извештајот за најдобри практики, прирачникот за наставници и советници, семејната брошура, како и ресурси и алатки за ученици. Ресурсите се достапни на англиски, шпански, португалски и на италијански јазик.

Документи
Detailed Description
Линкови
Project website
Video
Вид
Практика (индиректен доказ)
Држава
Италија; Португалија; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови