Алатка за формативно оценување на климата во училницата

Алатката за формативно оценување на климата во училницата беше изработена во контекст на извештајот „Формативен, инклузивен пристап на ниво на цело училиште за оцена на социјалното и емоционалното образование во ЕУ“ чија цел е да обезбеди сеопфатна и холистичка евалуација на климата во училницата и да им послужи како водич на наставниците и на учениците во остварувањето заеднички позитивни промени во училницата.

Алатката се состои од девет индикатора за оценување на квалитетот на климата во училницата:

  • Одговор на културните потреби и инклузија,
  • Чувство на безбедност, вклучително превенција и заштита од врсничко насилство,
  • Позитивно управување со училницата,
  • Негување на односот наставник-ученик,
  • Однос на поддршка меѓу соучениците,
  • Соработка, вклучително колаборативно учење,
  • Активен ангажман на учениците во осмислени активности за учење,
  • Предизвици и високи очекувања за сите ученици во училницата,
  • Ученички глас, вклучително учество на учениците во одлуките што се носат во училницата.

Деветте индикатора се претставени преку прашалник за да им се помогне на наставниците и на учениците да ги идентификуваат силните страни и целите за подобрување во секоја област. Алатката може да биде приспособена од одделенските наставници според природата на паралелката, со цел таа да ги земе предвид културолошките аспекти и да биде соодветна за развојот.

Вид
Документ (директен доказ)
Држава
Ирска; Италија; Малта
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно; Средно
Ниво на интервенцијата
Универзално
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови

Bonjour, L'outil d'évaluation formative que vous proposez m'intéresse. J'aimerais accéder au questionnaire à réaliser en classe. Pourriez- vous m'indiquer le lien, SVP. Cordialement Estelle Tricoire

Преведете (Само за регистрирани корисници)