Намалување на појавата на предвремено напуштање на образованието со помош на виртуелно претпријатие за пракса (RUSESL)

Главна цел на проектот RUSESL е да се спречи предвременото напуштање на образованието кај учениците од повисоките класови во средното образование, целна група којашто честопати е запоставена, затоа што правната дефиниција за предвремено напуштање на образованието се однесува на учениците под 16-годишна возраст или пред да завршат 3 години средно образование.

Проектот се послужи со методологијата на виртуелно претпријатие за пракса. Виртуелното претпријатие за пракса е компанија раководена од практиканти која симулира работење на вистинска компанија каде практикантите учат како тимски да работат, да преземаат одговорност, да развиваат самоиницијатива и да ги подобруваат своите меки, стручни и технички вештини.

Проектот финансиран од Еразмус+ изработи сеопфатни водичи и извештаи (на пет јазика):

  • Националните извештаи содржат информации што се однесуваат на податоци и статистика за предвременото напуштање на образованието и за ситуацијата со вработеноста на младите, идентификувајќи ги причините за предвремено напуштање на образованието и презентирајќи ги добрите практики поврзани со ориентацијата во рамки на училиштата.
  • Компаративниот извештај ја презентира заедничката интервенциска методологија за спроведување на пристапот со виртуелни претпријатија за пракса во партнерските земји, истовремено задржувајќи ја европската перспектива.
  • Водичот за примена ја претставува целосната методологија на виртуелни претпријатија за пракса заснована на сознанија од други извештаи и искуства со пилотирање, вклучувајќи примери на методи за спроведување и процена на виртуелните претпријатија за пракса.
Документи
Detailed Description
Линкови
RUSESL website
Вид
Документ (индиректен доказ)
Држава
Бугарија; Германија; Италија; Литванија; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови