Двојазичен помошен материјал за мигрантските деца во Европа (AVIOR)

Слика: AVIOR project logo

Проектот „AVIOR“ финансиран од програмата Еразмус+ имаше цел да ги унапреди основните математички и јазични вештини на мигрантските деца и да го намали јазот во однос на постигнувањата меѓу учениците кои се родени говорители на јазикот на настава и оние кои не се, и тоа со користење двојазични материјали, унапредување на стручните компетенции на наставниците и зголемување на вклученоста на родителите на мигрантските деца. „AVIOR“ се спроведуваше од декември 2016 до август 2019 година.

Проектот „AVIOR“ имаше троен пристап:

1) Двојазични ресурси: преведување и приспособување материјали со висок квалитет

2) Градење на компетенциите на наставниците за создавање инклузивни повеќејазични училници

3) Создавање мрежи на соработка меѓу родителите и наставниците

Вкупно 48 воспитувачи и наставници од основно образование во десет европски градови и села го промовираа учеството на родителите во училницата на тој начин што канеа родители да читаат приказни на својот мајчин јазик пред целата паралелка, додека наставниците ги повторуваа приказните на јазикот на настава и/или наставниците дискутираа со родителите за тоа кои материјали би можеле да ги понесат дома за да вежбаат со своите деца. 

Исходи:

  • Двојазични материјали на голем број јазици
  • Извештаи и видеозаписи од студиски посети на четири земји
  • Студии на случај и синтетички извештаи за вклученоста на родителите
  • Упатство за процесот на превод на повеќејазични наставни материјали
  • Имплементациски студии за наставници
  • Прирачник со практичен сеопфатен преглед од сите исходи и водичи
Вид
Практика (директен доказ)
Држава
Германија; Грција; Естонија; Италија; Холандија; Хрватска
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови; Нема финансирање