Студенти по физичко образование како ментори за момчиња и младинци (SSaMs)

Слика: SSaMs project logo

Проектот „SSaMs“ имаше цел да ги унапреди образовните постигнувања на момчињата и на младинците и да спречи предвремено напуштање на образованието преку родово-сензитивно менторство и спорт. Образложението на програмата Еразмус+ беше дека голем број наставници по спорт веќе обезбедуваат менторство на момчиња во однос на здравствени и социјални прашања, но не се обучени тоа да го прават на ефективен начин.

Проектните партнери соработуваа во насока на изработка на курс за високо образование за унапредување на знаењата и на вештините на студентите по физичко образование. Содржината на курсот се засноваше на постојните наставни материјали изработени од Mengage. Овие студенти потоа ќе треба да го применат наученото во рамки на професионалната работна средина со цел да обезбедат ефективна менторска поддршка на младинци кои постигнуваат незадоволителни резултати во училиште и кои се изложени на ризик од предвремено напуштање на образованието. Овој пристап треба да ги мотивира младинците да останат на училиште и да ги подобрат своите образовни постигнувања/резултати.

Проектот помогна да се зголемат вештините и знаењето (и вработливоста) на студентите по физичко образование обучени за родово-сензитивно менторство и ја поддржа соработката на високообразовните институции со локалните заедници, организациите и училиштата во шесте проектни земји.

Резултатите од проектот вклучуваат материјали за учење за студентите и материјали за предавачите, изработени на пет јазика. 

Вид
Документ (индиректен доказ)
Држава
Грција; Ирска; Италија; Обединето Кралство; Чешка република; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови