Поддршка за еманципација и интеграција на бегалските семејства (SOFIE)

Слика: SOFIE project logo

„SOFIE“ беше двеиполгодишен   проект на Еразмус+ кој се осврна на потребата од социјално интегрирање на бегалските семејства на европско ниво, како една од најранливите цели за општествата-домаќини. Проектните партнери од Австрија, Италија, Кипар, Турција и Шведска се обединија во промовирањето професионална, општествена и културна интеграција на мигрантите и на бегалците.

За таа цел, проектот работеше на

  • создавање холистичка збирка алатки, водичи за најдобра практика и програми за обуки за најефективна поддршка на процесот на инклузија.
  • поддршка на интеракцијата мајка-дете како дел од процесот на учење втор јазик.
  • зголемување на обуките за обучувачи и волонтери кои работат со бегалци.

Како проектни резултати беа остварени следниве:

  • Упатство за најдобри практики за инклузија засновани на анализа на потребите на бегалските семејства.
  • Обука за мајки и деца фокусирана на поттикнување јазични вештини и интеграција на бегалските семејства.
  • Обука на обучувачи за возрасни едукатори, наставници по втор јазик, социјални работници и обучувачи кои работат со жени и деца-бегалци.
  • Водич за најдобри практики и онлајн обуки за другарување/менторство.
Линкови
Project website
Вид
Практика (директен доказ)
Држава
Австрија; Италија; Кипар; Турција
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Предучилишно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови