Подигнување на постигнувањата на сите ученици во рамки на инклузивно образование

Слика: Project Logo

Проектот „Подигнување на постигнувањата на сите ученици во рамки на инклузивно образование (RA)“ имаше цел да обезбеди докази за ефективната практика во подигнување на постигнувањата и градење на капацитетот на училиштата и на заедниците за вклучување и поддршка на сите ученици.

Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование го спроведуваше проектот „RA“ во периодот од 2014 до 2017 година, надоврзувајќи се на претходниот проект „RA4AL“ од 2012 година. Проектот ги истражуваше пристапите кои директно или индиректно влијаат врз мотивацијата и капацитетот на младите луѓе да учат.  Продолжение на проектот имаше во 2019 година.

Проектот вклучуваше ученици, наставници, училишни лидери, истражувачи, родители и локални и национални креатори на политики.

Резултатите од активностите во рамки на проектот „RA“ вклучуваат:

  • Развој на стратегии за зголемување на ангажираноста на кадарот.
  • Зголемена вклученост на родителите.
  • Поблиска соработка со пошироката заедница (на пр. училишта во соседството, универзитети).
  • Истражување на педагогијата за длабоко учење.
  • Развој на менталитет на раст со цел постигнување успех.
  • Интердисциплинарно подучување со цел обезбедување порелевантна наставна програма.
  • Фокус на самопроцена и испитување на квалитетот на инклузивната практика.
  • Професионален развој за кадарот.
Вид
Документ (индиректен доказ)
Држава
Австрија; Белгија; Германија; Грција; Данска; Естонија; Ирска; Исланд; Италија; Кипар; Летонија; Литванија; Луксембург; Малта; Норвешка; Обединето Кралство; Полска; Португалија; Словачка; Словенија; Унгарија; Финска; Франција; Холандија; Хрватска; Чешка република; Швајцарија; Шведска; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано; Универзално
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Европски фондови; Национална влада