Спречување на училишниот неуспех: Истражување на потенцијалот на инклузивните образовни политики на системско и индивидуално ниво

Слика: PSF project logo

Проектот „Спречување на училишниот неуспех (PSF)“ имаше цел да се осврне на недостигот на инклузија и правичност во образовниот систем преку истакнување на врската меѓу училишниот неуспех и инклузивните политики. Тој се стремеше да ги истражи доказите во насока на тоа дека инклузивните образовни политики имаат потенцијал да спречат училиштен неуспех – и во однос на поединците, и во однос на целокупниот систем. 

 

Проектот „PSF“ ги разгледуваше рамките на инклузивна политика на национално и на локално ниво кои ефективно ги поддржуваат училиштата да се развиваат на начин којшто ги вклучува сите ученици, спречува неуспех и обезбедува успех на учениците во училиштето и во животот. Со истражување на пристапите на системско ниво, анализата на училишниот неуспех се пренесе на системот како целина, наместо да се фокусира само на индивидуалните ученици.

Тој вклучуваше две паралелни активности на канцелариско истражување:

  • Преглед и анализа на европската и на меѓународната научна литература за спречување на училишниот неуспех поврзано со инклузивно образование.
  • Фокус на постојните национални мерки на политики за спречување училиштен неуспех преку собирање информации од земјите-учеснички преку анкета со цел идентификување на нивните пристапи на политика во справување со училишниот неуспех.

Проектот (2018-2020) беше координиран од Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование.

Вид
Документ (индиректен доказ)
Држава
Германија; Грција; Естонија; Ирска; Исланд; Летонија; Малта; Обединето Кралство; Словачка; Србија; Финска; Чешка република; Шведска
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано; Универзално
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови; Национална влада