Инструменти за евалуација кои промовираат интеркултурно менторство во училиштето (E-EVALINTO)

Слика: E-EVALINTO logo

E-EVALINTO има цел да промовира врсничко менторство за да се намали појавата на предвремено напуштање на образованието кај учениците од мигрантско потекло и да се препознае вредноста на интеркултурноста, како и да се изработи ИКТ рамка за оценување, управување и изработка на активности за интеркултурни контексти. Проектот финансиран од Еразмус+ се фокусира на постапките на одлучување и на идентификувањето различни трендови во анализираните ситуации.

Справувањето со проблемот на предвремено напуштање на образованието претставува чекор напред кон унапредување на можностите за младите луѓе и поддршка на паметниот, одржливиот и инклузивниот раст, како што е предвидено во приоритетите на Стратегијата Европа 2020. Проектот E-EVALINTO има цел да спроведе стратегија за рана интервенција за да се намали јазот меѓу учениците од мигрантско и немигрантско потекло.

Проектот се фокусира на спроведување програми и активности за интеркултурно менторство поддржани од ИКТ средина кои се состојат од сет алатки и практики што служат како рамка за евалуација на интеркултурни прашања во рамки на училишниот контекст, преку изработка на:

  • Стратегија за превенција и рана интервенција заснована на врсничко менторство насочено кон намалување на појавата на предвремено напуштање на образованието кај млади ученици од мигрантско потекло.
  • ИКТ рамка за оценување, управување и изработка на активности за интеркултурни контексти.
Вид
Практика (индиректен доказ)
Држава
Ирска; Италија; Кипар; Полска; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Средно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Периодично
Извор на финансирање
Европски фондови