„Rescur: сурфање на брановите“ – Наставна програма за отпорност

Слика: RESCUR project logo
„Rescur: сурфање на брановите“ беше тригодишен проект од програмата „Комениус“ за доживотно учење во рамки на кој се изработи наставна програма за отпорност во предучилишното и основното образование во Европа преку интеркултурна и транснационална соработка.
Проектот „RESCUR“ се спроведуваше од 2012 до 2015 година и беше координиран од Универзитетот на Малта и партнерските универзитети од Крит (Грција), Лисабон (Португалија), Öребро (Шведска), Павија (Италија) и Загреб (Хрватска). Проектот изработи специјализирана наставна програма за отпорност за маргинализираните групи, како што се ромските деца, децата со попреченост и индивидуални образовни потреби, и децата од мигрантско потекло.
- Создавање растечки менталитет
- Градење силни страни
- Развој на самоопределување
- Унапредување на комуникациските вештини
- Градење здрави односи
- Претворање на предизвиците во можности
Наставната програма на „RESCUR“ беше преведена на други јазици и спроведена во други земји, вклучително во Австралија, Бугарија, Ирска, Литванија, Романија, Русија и Турција. Второто издание на меѓународната верзија на англиски јазик ќе биде објавено во 2022 година, а обуката ја организира Универзитетот на Малта.
- Документи
- Detailed description
- Линкови
-
Project website
Project video
Malta University website
- Вид
- Практика (индиректен доказ)
- Држава
- Бугарија; Грција; Ирска; Италија; Литванија; Малта; Португалија; Турција; Хрватска; Шведска
- Јазик
- BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
- Ниво на образование
- Основно; Предучилишно
- Ниво на интервенцијата
- Таргетирано; Универзално
- Интензитет на интервенцијата
- Периодично
- Извор на финансирање
- Европски фондови; Локално финансирање; Приватно финансирање
Коментари
Додадете коментар
За да додадете коментар мора да сте најавени.