„Berättarministeriet“ – „Раскажувачкото министерство“

Слика: Berättarministeriet

„Berättarministeriet“ („Раскажувачкото министерство“) е фондација којашто им помага на наставниците и на учениците кои живеат во тешки социо-економски услови да ги развијат јазичните вештини преку раскажување. Тоа е приватна иницијатива која остварува тесна соработка со општините и училиштата и се спроведува веќе десет години.

„Berättarministeriet“ е политички и религиски независна непрофитна фондација која остварува тесна соработка со приватниот, јавниот и непрофитниот сектор. Таа работи на намалување на негативните последици од сегрегацијата врз школувањето на децата преку поддршка на наставниците и учениците во секојдневната настава во места каде има висока стапка на невработеност.

„Министерството“ раководи со центри за пишување во предградијата Хасби и Хагсетра во Стокхолм и во Гамлестаден во Гетеборг. На сите основни училишта кои гравитираат во таа област им се нудат бесплатни училишни програми кои привлекуваат ученици, без разлика на нивото на знаење, за да им помогнат во совладувањето на пишаниот збор преку фантазија.

Програмите се базирани на националната наставна програма и се изработуваат во дијалог со наставниците за да се земат предвид специфичните педагошки услови и предизвици. Програмите се засноваат на напредок и служат како интердисциплинарна поддршка за наставниците.

Вид
Практика (индиректен доказ)
Држава
Шведска
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно
Ниво на интервенцијата
Таргетирано
Интензитет на интервенцијата
Тековно
Извор на финансирање
Локално финансирање; Национална влада; Приватно финансирање