„Родителска ташна“ – „La Mallette des parents“

Слика: Parents Briefcase
„Родителската ташна“ („La Mallette des parents“) е тековна програма којашто се спроведува од 2008 година и чија цел е да ги вклучи повеќе родителите во образованието на нивните деца. Неа ја раководи „Académie de Creteil“ под директно овластување на француското Министерство за образование и моментално се спроведува во 80 училишта во Франција.
Програмата беше воспоставена со цел да се подобрат односите меѓу родителите и наставниците и да им се помогне на родителите да се запознаат одблиску со начинот на кој се подучуваат нивните деца за и тие да придонесат кон училишниот успех на децата. Целта на програмата е да се зајакне соработката меѓу наставниците и родителите. Тоа се постигнува преку редовни средби со родителите во училиштето и преку онлајн платформа која содржи материјали со упатства за наставниците за тоа како да развијат соработка со родителите за тие подобро да им помогнат на нивните деца во образованието. Годишно се одржуваат три средби, додека онлајн ресурсите за родителите и за наставниците се достапни во секое време. Резултатите од програмата покажаа значителна промена во однесувањето на родителите и нивната вклученост во образованието на децата во рамки на домот.
Коментари
Додадете коментар
За да додадете коментар мора да сте најавени.