Проектно учење за млади возрасни (Project Learning for Young Adults – PLYA)

Слика: PLYA / PUM-O

Главна цел на иницијативата PLYA е да обезбедува индивидуална поддршка за млади лица на возраст од 15 до 26 години кои ниту се во процес на образование, ниту се вработени, ниту пак се обучуваат, како и за ученици/студенти кои се во ризик од напуштање на образовниот процес. Таа беше креирана од страна на Словенечкиот институт за образование за возрасни во 1999 година, којшто сè уште врши нејзино следење и надополнување.

PLYA им нуди поддршка на учесниците во развивање на нивниот професионален идентитет, вклучително и чувство за иницијатива и претприемништво кога пристапуваат на пазарот на труд, и им помага да ги стекнат неопходните знаења и вештини за засновање/враќање во работен однос, понатамошна едукација или обука.

Активностите вклучуваат личен кариерен план, индивидуално советување во словенечката Агенција за вработување и во други институции, различни заеднички и индивидуални проекти за учење, и групни активности каде учесниците плански учат и развиваат клучни компетенции.

Резултатите покажуваат дека околу три четвртини од учесниците ја имаат постигнато главната цел, односно забележаа подобрување во нивната самодоверба, самоконтрола, самоорганизација и други вештини, од кои имаат придобивки и во други аспекти од животот.

Вид
Practice (indirect evidence)
Држава
Словенија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; TR
Ниво на образование
Secondary
Ниво на интервенцијата
Individual
Интензитет на интервенцијата
Ongoing
Извор на финансирање
European Funding; Local funding

Овој ресурс е дел од следниве области / под-области :