Интервенција за превентивна отпорност – „UPRIGHT“

Слика: UPRIGHT - Universal Preventive Resilience Intervention Globally implemented in schools to improve and promote mental Health for Teenagers

Во услови кога проблемите со менталното здравје меѓу младите се повеќекратно зголемени во глобални рамки, „UPRIGHT“ е проект којшто овозможува стекнување на потребните вештини за добро физичко и ментално здравје. Тој се спроведува во училиштата и во него се вклучени млади адолесценти, нивните семејства, како и целокупниот училиштен кадар од училиштата кои учествуваат во проектот.

„UPRIGHT“ е истражувачки проект финансиран од програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“. Терминот е скратеница од „Universal Preventive Resilience Intervention Globally implemented in schools to improve and promote mental Health for Teenagers“ („Универзална интервенција за превентивна отпорност која се спроведува во училиштата на глобално ниво со цел подобрување и унапредување на менталното здравје на тинејџерите“). Целта на проектот е да се развие култура на ментална добросостојба во Европа преку заедничко осмислување, реализација и валидација на програма за обука за ментална отпорност со примена на сеопфатен училиштен пристап. Програмата беше изработена од психолози, психопедагози, методичари и експерти за ИКТ од цела Европа.

„UPRIGHT“ се заснова на четири главни компоненти: справување, ефикасност, социјално и емоционално учење, и свесност. За секоја од компонентите има теоретски дел, проследен со практичен дел. Со практикувањето на овие вештини во секојдневниот живот, учениците ја подобруваат својата добросостојба, како и добросостојбата на нивните семејства.

Вид
Практика (индиректен доказ)
Држава
Данска; Исланд; Италија; Норвешка; Полска; Шпанија
Јазик
BG; CZ; DA; DE; EL; EN; ES; ET; FI; FR; GA; HR; HU; IS; IT; LT; LV; MK; MT; NL; NO; PL; PT; RO; SK; SL; SR; SV; TR
Ниво на образование
Основно; Средно
Ниво на интервенцијата
Универзално
Интензитет на интервенцијата
Н/A
Извор на финансирање
Европски фондови