Одрекување од одговорност

School Education Gateway е иницијатива на Европската Унија. Таа е финансирана од Erasmus+, европската програма за образование, обука, млади и спорт. Со неа раководи Европската Комисија (ЕК), а ја спроведува Европска извршна агенција за образование и култура (EACEA).

Во име на Европската Унија, EUN Partnership AISBL (познат како European Schoolnet, во понатамошниот текст „EUN“) ја одржува оваа платформа, каде што ги промовира своите иницијативи пред јавноста.

Материјалите што се наоѓаат на оваа платформа се само за информативни цели.

Наша цел е овие информации да бидат навремени и точни. Доколку ни бидат предочени какви било грешки, ќе се обидеме да ги коригираме. Сепак, Европската Комисија, EACEA и EUN не преземаат никаква одговорност за информациите содржани на оваа веб-страница.

Овие информации:

  • се од општа природа и не се однесуваат на посебни околности на одреден поединец или субјект;
  • не мора да бидат разбирливи, точни, комплетни или ажурирани;
  • понекогаш се поврзани со надворешни страници врз кои ЕК, EACEA или EUN немаат никаква контрола и за кои не можат да преземат никаква одговорност;
  • не претставуваат професионален или правен совет (ако ви требаат конкретни совети, секогаш треба да се консултирате со соодветно квалификувано стручно лице).

EUN го задржува правото, по свое сопствено убедување, да суспендира, менува, модификува, додава или отстранува делови од платформата во кое било време.

Оваа изјава за одрекување од одговорност не е наменета да ја ограничи одговорноста на ЕК, EACEA или на EUN во спротивност на кои било барања утврдени во важечкото национално законодавство, ниту да ги изземе од одговорност за прашања за коишто не може да бидат изземени според тие закони.

Известување за авторски права

Дозволено е копирање под услов изворот да е наведен, освен во случај кога е поинаку наведено. Во случај кога мора да се добие претходна дозвола за копирање информации, со таквото одобрение се откажува гореспоменатата општа дозвола и јасно се наведуваат кои било ограничувања во однос на користењето.

Материјалите и придонесот од корисниците на платформата подлежат на Одлуката за повторно користење на документи на ЕК, и со тоа, освен во случај на наведени исклучоци, се во согласност со лиценцата “Attribution 4.0 International” на Creative Commons (CC BY 4.0).