Известување за колачиња

За да може платформата School Education Gateway правилно да работи, понекогаш вметнуваме мали датотеки со податоци во вашиот уред. Колачето е мала текстуална датотека којашто веб-страницата ја зачувува на вашиот компјутер или мобилен уред кога ќе ја посетите таа страница. Тоа ѝ овозможува на веб-страницата да ги запомни вашите активности и параметри (како што е најавувањето) на ограничен временски период, па не мора повторно да ги внесувате кога се враќате на страницата или кога прелистувате од една страница кон друга.

Како ги користиме колачињата?

На платформата School Education Gateway користиме многу ограничен број колачиња за да ги задржиме корисничките параметри. Овие колачиња помагаат да се подобри корисничкото искуство преку обезбедување персонализирана услуга, без да мора постојано да ве прашуваме.

Ако дадете согласност преку лентата за колачиња, тогаш уште еден сет на колачиња се инсталира за водење веб- аналитика. Во сите случаи, информациите собрани преку колачињата, вклучувајќи ги и IP адресите на корисниците, се секогаш анонимни.

Во School Education Gateway ние користиме и директни колачиња (колачиња од прво лице - тоа значи дека тие потекнуваат од платформата и дека ние постапуваме и ги чуваме сите информации поврзани со нив) и колачиња од трети лица (само за веб-аналитика и за YouTube, доколку корисниците стапуваат во интеракција со видеозаписите).

Директните колачиња се строго неопходни за платформата School Education Gateway да ја обезбеди услугата што корисникот експлицитно ја бара кога се најавува.

Подетални информации за типот на колачиња кои ги користиме може да се најдат во следнава табела:

Име Тип Цел
JSESSIONID Директни колачиња JSESSIONID е колаче за платформи кое се користи на веб-платформи базирани на Java. Ова колаче се користи од страна на веб-серверот за да ја одржи активна анонимната или овластената корисничка сесија за време на посетата на веб-страницата. Ова колаче автоматски се отстранува кога корисникот ќе го затвори прелистувачот.
utma Google аналитика

Помага при идентификација на единствените посетители.

utmz Google аналитика

Се користи за пресметка на двигателите на сообраќај, на пр. сообраќај на пребарувачи, рекламни кампањи и навигација во рамките на страницата.

utmb Google аналитика

Се користи за воспоставување и продолжување на корисничка сесија со вашaта страница.

utmc Google аналитика Следи колку пати посетителот бил на страницата на која се наоѓа колачето, кога била првата, а кога последната посета.

Видеозаписи на YouTube

На некои страници на платформата се вметнати видеозаписи од YouTube, за коишто го користиме режимот на подобрена приватност. Во овој случај, YouTube нема да инсталира колачиња кога ќе ги посетите овие страници на нашата платформа, освен во случај ако одлучите да стапите во интеракција со видеозаписите (да ги пуштите, да ги споделите, итн.).

Треба да знаете дека YouTube има сопствени политики за колачиња и за приватност врз коишто ние немаме контрола. За подетални информации, ви предлагаме да ги прочитате тие документи.

Веб-аналитика

School Education Gateway користи Google Analytics за потребите за веб-аналитика. Google Analytics е алатка којашто користи колачиња за да ја следи интеракцијата на посетителите со што им помага на сопствениците на веб- страници да разберат како посетителите ја користат нивната веб-страница. Доколку дадете  согласност да се инсталираат колачињата поврзани со Google Analytics, тие ќе собираат информации без директно да се идентификува корисникот.

Корисниците секогаш може да ја повлечат согласноста за Google Analytics без тоа да влијае врз начинот на кој тие ја посетуваат страницата - за повеќе информации за повлекувањето на согласноста за следење преку Google Analytics на сите веб-страници што ги користите, посетете ја оваа страница на Google.

Како се контролираат колачињата? 

Колачињата може да ги контролирате и/или да  ги избришете по желба– за детални информации, погледнете на aboutcookies.org. Може да ги избришете сите колачиња кои се веќе на вашиот компјутер и може да ги уредите поставките на повеќето прелистувачи на тој начин што ќе спречуваат нивно поставување. Меѓутоа ако го сторите тоа, може ќе треба рачно да ги приспособувате некои од поставките секој пат кога ќе ја посетите страницата, а некои услуги и функционалности може да не работат.