За платформата

School Education Gateway е онлајн платформа достапна на 29 европски јазици, наменета за наставници, директори на училишта, истражувачи, обучувачи на наставници, креатори на политики и други професионалци кои работат во полето на училишното образование, вклучително и предучилишното образование и грижа, како и стручното образование и обука. Придружете ни се уште денес и бидете во тек со европските образовни политики и активности!

Четири добри причини зошто да ја користите платформата

Платформата School Education Gateway е бесплатна за сите корисници. Овде може да:

  • БИДЕТЕ ВО ТЕК – со нови содржини секоја недела, вклучително мислења на експерти, новински статии, интервјуа, најнови публикации и примери од праксата.
  • НАЈДЕТЕ МАТЕРИЈАЛИ – како што се извештаи од неодамнешни истражувања, наставни материјали изработени во рамки на европски проекти и курсеви за обука, како и Европската збирка алатки за училишта, со материјали за спречување на предвременото напуштање на образованието и алатка за самопроцена за да ви помогне во развојот на сопствени училишни активности.
  • СЕ РАЗВИВАТЕ – преку Teacher Academy, каде се нудат бесплатни онлајн курсеви изработени од нашите интерни експерти, како и вебинари и наставни материјали.
  • СЕ ЗАПОЗНАЕТЕ СО ФИНАНСИРАЊЕТО – преку можностите од програмата Erasmus+, кои се состојат од три практични алатки (каталог на курсеви, директориум со можности за мобилност и функција за пребарување стратешки партнерства) за училиштата да можат да ги подготват своите апликации за Erasmus+.


Поврзување на политиките и практиката

Платформата ги поддржува приоритетите на политиките на Европската Комисија во однос на училиштата и постојните предизвици во училишното образование. Содржината е индексирана под различни ознаки, така што лесно може да најдете релевантни материјали кои се совпаѓаат со вашите интереси. За да пребарувате според ознака и/или тип на содржина, одете на страницата за пребарување и изберете ознака и/или тип на содржина по ваш избор.

Може да ги разгледате и темите на месецот и да ја истражите содржината преку тематски страници.


Дополнителни информации

Објаснување за School Education Gateway и за eTwinning:

Промотивен пакет:

Преземете го промотивниот пакет овде (.ZIP, ~27 MB). Најголем дел од материјалите се достапни на 23 јазика. Ако сакате да ги преземете на некој друг јазик, изберете го саканиот јазик во менито горе десно, а потоа вратете се долу во делот за промотивниот пакет. Некои од материјалите се достапни само на англиски јазик; оригиналните датотеки може да ги преземете овде (.ZIP, ~39 MB).


School Education Gateway е иницијатива на Европската Унија. Таа е финансирана од Erasmus+, европската програма за образование, обука, млади и спорт. Со неа раководи Европската Комисија (ЕК), а ја спроведува Европска извршна агенција за образование и култура (EACEA). Во име на Европската Унија, иницијативата ја води European Schoolnet, меѓународно партнерство на европски министерства за образование кои развиваат средства за учење наменети за училиштата, наставниците и за учениците низ цела Европа. Платформата School Education Gateway е поврзана со eTwinning, заедницата за училишта во Европа.